Лорен Кошиелни нема да го дочека стартот од новата сезона во Премиер лигата во дресот на Арсенал, пренесува островски Скај Спорт.

Централниот бек решил да го забрза процесот околу неговиот трансфер надвор од Лондон. Потенцијална дестинација е француски Рен. Преговорите се започнати, а постои можност тој да добие раскин на договорот и Рен да го добие без пари.

Арсенал има проблеми со дефанзивната линија пред потчетокот од сезоната но поради низата проблеми кои ги имаа со капитенот, тој дефинитивно ќе си замине.Кошиелни има договор со Арсенал до следното лето.