Капитенот на Аталанта, Алехандро Гомез предупредува дека двомечот против Валенсија не е завршен иако италјаните во Шпанија ќе патуваат со убедлива предност од 4-1.

„Одигравме одличен натпревар, и имаме одличен резултат. Одигравме онака како што се договоривме, притискавме и создадовме голем број на шанси. Сепак, дуелот во Валенсија ќе биде нешто друго тие ќе имаат огромна поддршка која ќе им биде и тоа како значајна. Ниедна предност во фудбалот не е недостижна. Малку е потребно за да се сличи чудо, затоа мора да останеме присебни“– изјави Гомез за официјалната веб-страница на Аталанта.

Реванш дуелот се игра на „Местаља“ за две седмици, а Шпанскиот гигант се наоѓа пред огромен предизвик како би ја анулирал предноста на тимот од Бергамо.