Борусија Дортмунд во големото дерби со Баерн Минхен изгуби 4:2 иако по само девет минути водеа 2:0 со головите на Халанд.

Одлучувачкиот гол беше постигнат во завршницата од средбата кога при резултат 2:2 фудбалерите на Борусија бараа фаул од Лерој Сане над Емре Џан, а судијата покажа играта да продолжи. Во продолжението на акцијата Баерн постигна гол. Од ВАР собата не реагираа, па голот беше признат.

„Тоа беше очигледен прекршок. Искрено, таква ситуација да му се случеше на Баерн, судијата веднаш би досудил фуал. Така е и готово“– вели Марко Ројз.“