Аргентина го совлада вечниот ривал Бразил со 1-0 во новата битка на јужноамерикански фудбалски титани.

Стрелец на победничкиот гол беше Лионел Меси кој пак по средбата беше неочекувано нападнат од капитенот на „кариоките“, Тијаго Силва кој ја обвини ѕвездата на Барселона дека влијание на одлуките на судиите, односно дека сака да ги контролира натпреварите.

„Тој сакаше да го диктира натпреварот. Направи два лоши фаули, се расправаше со судијата и судијата ништо не направи, не му даде картон. Судиите треба да го тргнат на страна восхитот за играчот за време на натпреварот. Секогаш се обидува да ги натера судиите да му дадат слободен удар во опасната зона, секогаш така се однесува. Зборувавме со играчи кои играат во Шпанија и секогаш истото се случува, сака да го контролира натпреварот и да влијае на судијата“-истакна фудбалерот на ПСЖ.