Управата на ФК Работнички и капитенот на тимот, Горан Силјановски ја продолжија соработката за нови 18 месеци, ова го потврди прволигашот од „Градски Парк“.

„Среќни сме што успеавме да го задржиме капитенот Горан Силјановски во тимот и во наредните 18 месеци. Тоа е голема добивка за клубот од неколку аспекти. Ќе имаме одличен фудбалер во тимот, но и вистински лидер кој умее да ги мотивира и да ги насочи правилно младите фудбалери на Работнички. Раководството работи на формирање на квалитетен тим за следната сезона, а и понатаму цврсто ја држиме клупската стратегија за форсирање на млади и талентирани играчи.“- изјави спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски за клупскиот сајт.

Со Работнички претходно договорите ги продолќија и првиот тренер, Ратко Достаниќ како и со Христијан Пецов, Ристе Јанков и Драган Стојков. Првото летно засилување е поранешниот репрезентативец на Македонија, Муарем Муарем.