Екипата на Лацио ги живее најдобрите денови по периодот од почетокот на овој милениум. Тимот од Рим е во трка со Јувентус и Интер за „Скудетото“, а во моментов е на втората позиција и има само еден бод помалку од лидерот Јувентус.

Една од главните оски на Симоне Инзаги е дефанзивецот Франческо Ачерби, кој го препороди Лацио од неговото доаѓање во 2018 година.

Ачерби призна дека можел да биде на ова ниво и порано, но причина за тоа биле проблемите со кои се соочил во животот.

Играв за татко ми кој премногу се грижеше за мене за да успеам. Некогаш знаеше да ме навреди се со цел да успеам. Но, ме погоди денот кога почина, веќе немав за кого да играм. Сигурно не играв за себе затоа што не се однесував како што требаше и во умот не бев воопшто професионалец. Немав почит кон себеси, работата што ја правев, клубот и луѓето кои ме плаќаа. Честопати доаѓав на тренинг пијан по луда ноќ. Физички, изгледав добро и бев силен и ми требаше само неколку часови сон за да играм“-изјави Италјанецот.

Италијанскиот репрезентативец во 2013 година, му беше дијагностициран карцином, кој потполно го промени како човек.

„Ракот беше вид на среќа и фала му на Бога за тоа. Го открив во јули 2013 година кога дојдов во Сасуоло. Се чинеше како нешто да ми се случило една година после тоа. Отидов во кревет, мирно и се разбудив како некој да ме тероризираше. Сето тоа ми го промени животот. Ракот некако како да ме пробуди. Им благодарам на луѓето кои беа со мене, без нив ќе завршев лошо“-вели Ачерби.