Голманот на Интер, Самир Хандановиќ би требало да биде подготвен да се врати против Наполи во рамки на Копа Италија, по повредата која ја доживеја на почетокот од годината.

„La Gazzetta dello Sport“ пренесува дека словенечкиот интернационалец се опоравил целосно од повредата и ќе застане меѓу стативите на Интер, кој го очекува реванш мечот од полуфиналето против Наполи во Купот на Италија.

Интер имаше проблеми, по повредата на капитенот, откако неговата замена Даниеле Падели не се покажа во најдобро светло. Хандановиќ и покрај 35-те години се очекува да го продолжи догоговорот со „нероаѕурите“.