Шкупи го пречекува Пјуник во реваншот од  првото квалфикациско коло во Европа Лигата, тимот од Чаир има позитивни 3-3 по првата средба во Ерменија.

Тренерот на Шкупи, Умит Каран вели дека Пјуник го потценил неговиот клуб, мислеа дека сме мал клуб, сега ке внимаваат повеќе.

„Немаме првао на грешки како во првенството, тие не потценија на првиот натпревар, сега ке биде поинаку. Не чека еден цврст натпревар, имаме добар резултат, одиме понатаму дури и со реми. Ние нема да играме на 0:0 цели 90 минути, тоа е тешко. Ќе ја играме нашата игра и се надеваме за добар резултат за нашата екипа“– изјави Каран.

Муарем Бајрами смета дека ремито од Ерменија нема да има никаква вредност доколку Шкупи не оди во следната рунда на Европа Лигата.

„Имаме позитивен резултат но тоа не значи дека сме сигурни. Во Скопје не чека двојно потежок натпревар. Нашата цел е да одиграме најдобро што можеме и да го пројдеме Пјуник“ – изјави Бајрами.

Натпреварот  Шкупи –  Пјуник се игра утре  од 20:45 часот на Арената „Тоше Проески“ во Скопје. Шкупи реши  билетите за дуелот  да се бесплатни сите кои ќе сакаат да го гледаат натпреварот  може да  набават  влезници пред стадионот во Чаир.