Кардиф наместо 15 милиони фунти на Нант ќе му исплати 5 милиони за Емилијано Сала, кој го загуби животот во авионска несреќа пред да потпише со англискиот клуб. Ова  го одлучи ФИФА која преку арбитража ја превзеде одговорноста да ја реши оваа несреќа која сеуште не е разјаснета.

Двата клуба тргнаа да се препукуваат  откако беше пронајдено телото на аргентинскиот фудбалер, а Кардиф одби да ја плати првата рата од трансферот со образложение дека истиот не бил регуларно комплетиран бидејќи фудбалерот воопшто не почнал со тренинзи во новиот клуб. Воедно, англискиот премиерлигаш  ги обвини челниците на Нан дека тие го организирале кобниот лет за  што морад да сносат одговорност.