Кардиф се соочува со забрана за трансфери во три преодни рока од страна на ФИФА, доколку не им исплатат шест милиони евра на сметката на Нант за трансферот на Емилијано Сала.

Шест милиони евра изнесува сумата од првата рата која Кардиф требаше да му ја плати на Нант во јануари 2019 година за аргентинскиот напаѓач кој загина во авионска несреќа. Договорот на Сала изнесуваше 15 милиони фунти, но тие тие одбиваат да го платат тоа обешетување.

Поради ваквиот потег на Кардиф, Нант поткрена постапка за да им бидат исплатени парите.

ФИФА го зеде случајот во свои раце и му налага на Кардиф да му плати на Нант шест милиони евра најдоцна за 45 дена, а доколку не го направи тоа ќе добие забрана за трансфери од три преодни рока.

Според Светската куќа на фудбалот трансферот бил комплетиран пред авионската несреќа во која животот го загуби младиот фудбалер.