Агентот на напаѓачот на Реал Карим Бензема, Карим Џазири, објави дека фудбалерот го продолжи договорот со клубот до 2022 година.

Карим го продолжи договорот до 2022 година и тоа е официјално. Тој е во идеална хармонија со Реал и сите овие години тој има одлични односи со клубот. Но, тој секогаш вели дека Лион е во неговото срце и дека така секогаш ќе биде“. – изјави Карим Џазими.

Бензема настапува за Реал од 2009 година, кога дојде во Мадрид од Лион. За Реал тој одигра 498 средби и постигна 240 голови.