Креативецот на Наполи, Алан во летниот преоден рок се очекува да го промени клубот, Евертон е најавен како негова следна дестинација.

Соработката на Анчелоти и Алан во Наполи е причината поради која „Карамелите“ се во предност во трката за играчот за врска за кој уште заинтересиран е Интер. Гатузо го изостави Алан од составот за пресметката со Каљари откако не ги исполнил очекувањата на последните неколку тренинзи.

Наполи минатото лето одби 75 милиони евра за Алан од ПСЖ, сума која тешко дека ќе ја платат Евертон или Интер. Пресудна може да биде желбата на играчот да го напушти тимот на Гатузо.