Преводникот на Евертон, Карло Анчелоти во изјава за медиумите од Италија призна дека се уште навива за неговиот поранешн клуб Милан, во трката за титулата во Серија А.

„Се надевам дека Милан ќе ја освои титулата во Италија, иако знам дека тоа ќе биде тешко, Интер исто така атакува на првото место. Се плашам дека мојот пријател, Антонио Конте, нема да дозволи да ми биде остварена мојата желба.“ – изјави Анчелоти.

Искусниот италијански тренер додаде дека верува во работата на Гатузо и на Пирло, во Наполи и Јувентус и очекува многу голем напредок во кариерите како тренери од неговите поранешни милинеци во Милан.