Приказната за тоа које е најдобриот играч во историјата на фудбалот продолжува а во неа се приклучи легендарниот Роберто Карлос.

Според поранешниот бек на Реал Мадрид, нема простор за дилеми, само еден е најдобар а оние кои ги споредуваат со него не се на истото ниво.

„Роналдо  Назарио е најдобриот. Ниту Меси, Кристијано или Нејмар. Тие никогаш нема да бидат Феноменот. Мислам дека во оваа наша генерација полесно е да се постигнуваат голови, во времето на Роналдо Назарио напаѓачите не беа вака заштитени.“ – изјави Роберто Карлос.