Интер продолжува со обидите да дојде до потписот на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед но според нивниот поранешен играч, Антонио Касано, цената на напаѓачот е преголема. Тој смета дека Лукаку е преценет .

„Не го сакам Лукаку и сметам дека 85 милиони евра за него се лудост, барем мене така ми изгледа. Интер треба да се обиде да најде друга цел. Според мене, подобро е да остане Икарди отколку Лукаку да биде купен. Икарди сака во Јувентус, па тогаш нека го трампаат со Игуаин.“ – изјави Касано.

Во меѓувреме шпекулациите за Лукаку одат во повеќе правци, најновиот е дека Солскјер сепак нема да дозволи тој да си замине од Јунајтед ова лето.