Антонио Касано е голем познавач на фудбалот во Италија, долго време играше во калчото, настапуваше за екипите на Сампдорија, Парма, Рома, Милан, Интер и Реал Мадрид.

Касано  пред една година ја заврши кариерата, сега често е гостин на ТВ во Италија, го коментираше последниот резултат на Јувентус против Бреша.

„Слушнав дека некои го нарекуваат Дибала новиот Меси. Тој е добар играч, но ако Јувентус смета дека треба да биде нивни клучен играч во составот, тогаш сезонава нема да освои ништо“ – изјави Касано.