Легендарниот голман, Икер Касиљас повторно заврши во болница, поради проблеми со срцето.

Поранешниот голман на Реал Мадрид и Порто мораше да оди во болница во Мадрид по рекреација со пријателите. По тестовите, заклучено е дека не станува збор за срцев удар.

Да потсетиме, легендарниот шпански голман во 2019. година доживеа срцев удар на тренингот на Порто.

“После срцевиот удар еден месец се плашев да одам, да спијам и да направам физички напор. Беше многу тешко и се чувствував тажно. Сепак, сега е поинаку и јас сум добро. Ги слушам лекарите и само тие можат да кажат што можам и што можам не “, рече Касиљас пред една година.