Легендарниот голман на Реал Мадрид, сега член на Порто, Икер Касиљас на својот Твитер профил објави анкета во пресрет на завршните деновите од летниот преоден рок.

Касиљас праша кој од следните тројца играчи сакате да го видите во дресот на Реал Мадрид. Нејмар од ПСЖ, Погба од Манчестер Јунајтед или да се врати во Мадрид, Кристијано Роналдо.

Реал Мадрид сеуште се бори за потписот на Нејмар со Барселона иако изгледно е дека ќе ја загуби трката.

Во игра е трансферот на Пол Погба од Јунајтед додека за Роналдо засега нема информација дека Перез и Зидан би се обиделе да го вратат Португалецот на „Сантијаго Бернабе“.