Данило Каталди сезонава е еден од фудбалерите кои ја држат средината на Лацио, кои се најглемото изненадување во Серија А. Фудбалерите на Симоне Инзаги се наоѓаат на третата позиција на табелата со само еден бод негатива од Интер и Јувентус.

Каталди смета дека Лацио го има „најдобриот среден ред“ во Серија А и со нетрпение го очекува дуелот со Интер кој се игра во недела.

„За мечевите како со Интер во недела се живее. Максимално сум возбуден. Имаме притисок, но понекогаш притисокот е позитивна работа. Мислам дека сезонава го имаме најдобриот среден ред во Италија. Ќе се бориме до самиот крај за Скуетото“-изјави Каталди.