Каталанското радио „RAC1“ објавува дека Јувентус и Барселона работат на изненадувачка замена на играчи од средниот ред. 31 годишниот Миралем Пјаниќ би требало да се врати во Барселона само една година по пристигнувањето во Барселона, а во спротивна насока би заминал 23 годишниот Родриго Бентанкур.

Радиото тврди дека клубовите пред неколку недели разговарале на таа тема, но и дека договор не бил постигнат.

Сепак, двата клуба ја оставиле можноста да се постигне договор до крајот на сезоната.

 

Пјаниќ во Јувентус играше од 2016-та до 2020-та година, а оваа сезона не се наигра во Барселона под водство на Роналд Куман. Се споменува дека тој има и богата понуда од Саудиска Арабија.

Бентанкур е пак стандарден во составот на Јувентус, но оваа сезона игра во лоша форма. Јувентус во Бентанкур гледаше главен дел од проектот за иднина, но оваа сезона тоа се промени.