Роналд Куман според каталонското радио „РАЦ“ од следната сезона нема да биде тренер на Барселона, новинарот Рожер Саперас во емисијата „Ту Дирас“ тврди дека разделбата е прашање на време.

Новинарот Рожер Саперас тврди дека за отказот на Куман има два фактори, првиот е дека не е избор на Жоан Лапорта, и вториот, погрешниот пристап на Холанѓанецот на последните натпревари кога Барселона.

Шансите на Роналд Куман да остане на клупата на Барселона, новинарот Рожер Саперас смета дека изнесуваат само 1%, а тоа е ако клубот не најде негова замена што е невозможно.