Катар е домаќин на Мундијалот во 2022 година, 75% од инфраструктурата е завршена за перфектна организација, сместувачките капацитети се големи но за да нема никакви проблеми имаат и „резервна“ варијанта.

Организаторите на Мундијалот изградија подземна и надземна железница , работите траеа само 2 години, и ќе биде најбрза во светот.

Се градат хотели но за да нема никакви проблеми со сместувањето склучија договор со компанијата „MSC Cruises“ за дополнителен сместувачки капацитет.

На пристаништето во Доха крузери од оваа компанија ќе бидат на располагање на навивачите кои ќе допатуваат во Катар за време на натпреварите на светското првенство.

Два крузери со сместувачки капацитет за повеќе од 6.000  гости ќе бидат на располагање, дополнително на ова ќе биде озбезбедена бесплатна услуга за превоз од пристаништето до стадионите каде ќе се играат натпреварите.