Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи, одигра без голови на гости кај АЗ Алкмар со катастрофална статистика.

Оле Гунар Солскјер во стартната постава имаше играчи кои заедно вредат 250 милиони фунти, упатија само шест удари кон голот на АЗ Алкмар и ниту еднаш не го погодија !

Јунајтед за прв пат во историјата одигра меч на кој не упати прецизен удар по голот на противникот, Солскјер е пред отказ, прашање на денови, коментираат во Англија за ситуацијата во која се наоѓа менаџерот на „ѓаволите“