Веќе  и екипи од Луксембург се пресилни за нашите претставници во натпреварувањата на УЕФА, Шкендија е елиминирана од Дуделанж во Европа лигата, на реваншот се спасуваше од пораз, нерешените 1-1 позитивни за домашниот тим.

Нема утеха во фактот дека при 0-0 тимот од Тетово не искористи шанси за водство, казната стигна во 78 минута кога Делгадо погоди за водство на Дуделанж.

Во продолжение Муслиу доби втор жолт картон  во 85 минута и Шкендија мечот го заврши со играч помалку. Тетовчани  во финишот постигнаа гол за израмнување преку Ибраими од слободен удар во 92 минута.

Шкендија двомечот со Дуделанж го заврши без победа, еден пораз  и еден нерешен резултат, ова беше крај и на последната наша надеж дека ќе имаме нешто подолго фудбалско лето во Европа.