Де Лаурентис побара, властите во Италија размислуваат да го усвојат предлогот на првиот човек на Наполи – интернационалците да добијат забрана за излез од земјата.

Ситуацијата со Ковид-19 пандемијата на Апенините е критична, вчера беа потврдени нови 16 079 заболени со вирусот а активни случаи има 169 302.

Поради ова властите во Италија размислуваат за ново затворање на државата, воведување на полициски час и карантин во одредени области. Се зависи од бројот на новозаразени. Сезоната во Серија А, засега не е ставена под знак прашалник, но можни се промени во распоредот и начинот на организација на самите натпревари.

Неофицијално, полицискиот час ќе биде од 21 часот од 6 наутро, ако ова не го донесе посакуваниот резултат (да нема повеќе од 2300 луѓе на интензивна нега севкупно во болниците во Италија), следуваа целосно затворање на гранците.

Дел од клубовите во Серија А, предводени од Наполи, побараа интернационалците да добијат забрана за излез од земјата, за да се намали шансата за заразување со Ковид-19.

Ова значи дека Елиф Елмас, кој се уште е позитивен на Ковид-19 и не игра за Наполи, Илија Несторовски од Удинезе како и Горан Пандев од Џенова нема да можат да и помогнат на Македонија во битката со Грузија во финалето од Лигата на нации, за пласман на следното Европско првенство.

Македонија ќе и гостува на Грузија на 12 ноември во Тбилиси, отсуството на Пандев, Несторовски и Елмас би бил голем удар за нашата репрезентација која за прв пат во историјата има шанси да обезбеди пласман на големо натпреварување.