ПСЖ не успеа да го убеди Едисон Кавани да потпише нов договор и според моменталниот следното лето ќе може да си замине без трансфер оштета.

Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид е во пол позиција за ангажман на напаѓачот но од Франција имаат поинакви информации.

Наводно, Кавани сака да игра со Роналдо и е подготвен да чека до јуни за да го облече дресот на Јувентус. За Кавани интерес има и од Интер, Манчестер Јунајтед и од Реал Мадрид.