Едисон Кавани се согласил да игра барем уште една сезона за Манчестер Јунајтед и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Пол Погба кој исто така се поврзуваше со заминување од „Олд Трафорд“ го уверил Солскјер дека е задоволен од начинот на кој се развива тимот и до крајот на оваа сезона ќе потпише нов петгодишен договор.

Сепак ова не може да се каже и за Дони Ван Де Бек кој во деби сезоната во Премиер лигата, не успеа да се наметне кај Солскјер и веќе си бара нова средина.

Неофицијално Јунајтед веќе го понудил Ван Де Бек до Рома во можна трапма со Николо Заниоло.