Единсон Кавани има 34 години, Уругваецот се уште не се изјаснил дали ќе остане и следната сезона во Јунајтед, желбата е да се врати во Јужна Америка, а  Манчестер бара негова замена, Хари Кејн и Ерлинг Халанд се желба на газдите на клубот.

Уругваецот е неверојатен сезонава и собори рекорд од 1986 година, со двата гола на мечот со Рома во Лигата на Европа, стана првиот играч кој постигнал по два гола на двата полуфиналнимеча во некое европското натпреварување, последен пат тоа му успеа Клаус Алофс  во сезоната 1985/86, тој тогаш со Келн  запиша ист ваков ефект  против Реал (М) во тогашниот Куп на УЕФА.