Уругваецот Единсон Кавани во неделата беше творец на големиот пресврт во триумфот на  Манчестер Јунајтед против Саутемптон, но кратко по натпреварот напаѓачот се најде под истрага за расизам.

По завршувње на натпреварот, 34 годишниот Уругваец сподели на Инстаграм пост на негов фан, со видео од мајсториите на Кавани и текст на шпански јазик „Те сакам, матадоре“. Во одговорот, Кавани напиша, „ Gracias Negrito!“.

Кавани јавно се извини за непромислениот потег, но сепак од фудбалската федерација на Англија се категорични, казна ќе има и таа ќе биде најмалку суспензија од три меча.

„Не сакав да навредам никого, се извинувам за мојата реакција, тоа беше одговор за еден мој пријател“ – изјави Кавани.

Одлуката за касната на Кавани ќе биде донесена најдоцна утре, тврдат медиумите од Англија.