Уругваецот Единсон Кавани, изјави дека засега не размислува за трансфер, приоритет е Лигата на шампионите, во август ќе реши дали останува или заминува од ПСЖ.

Кавани по завршувањето на сезоната е слободен играч, иако има 33 години, тој се уште е желба на многу клубови, најмногу за него е заинтересиран Интер.

„Засега не размислувам за трансфер, фокусиран сум со ПСЖ за настап во август во Лигата на шампионите, потоа ќе донесам одлука, имам понуди од Интер, Атлетико и Њукасл“ – изјави Кавани.