Манчестер Јунајтед има се помалку шанси да го задржи Единсон Кавани, пишува Мирор.

Оле Гунар Солскјер има намера да го задржи Кавани, тој засега не дал одговор дали ќе остане во клубот, има понуда од 200.000 фунти неделна плата.

Понудата за 34-годишниот Кавани е на една сезона, но според Мирор тој нема да ја прифати, имал подобра од Бока Јуниорс од Аргентина, сака да ја напушти Европа.

Една од причините зошто не сака продолжување на договорот е дека тој сака да биде блиску до семејството.