По најавата дека ова лето ќе го напушти ПСЖ, Едисон Кавани му порачал на неговиот агент да им пренесе на челниците на првакот на Франција дека е подготвен за преговори околу евентуално продолжување на договорот.

Според „Л`Екип“, Кавани одлучил дека подобро е да остане во ПСЖ до крајот на кариерата наместо да прифати една од понудите за преселба во Шпанија, Италија па од Англија.

Атлетико Мадрид, Интер и Челси беа главните фаворити за неговиот потпис, но сега најверојатно ќе мора да бараат поинакво решение.

Спортскиот дирекот на ПСЖ, Леонардо неодамна изјави дека нема против Кавани да остане во клубот и дека тоа сигурно ќе ги израдува навивачите, но се зависи од играчот.