Оле Гунар Солскјер дал зелено светло, Андреас Переира и Џеси Лингард да бидат продадени во лениот преоден рок со што ќе се обезбедат пари за финансирање на трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила.

Переира и Лингард не беа дел од ростерот на Јунајтед минатиот викенд во дуелот со Вотфорд а Солскјер потврди дека исклучени се од составот поради формата во која играле на последните два меча.

Островските медиумите твдат дека Лингард и Переира ќе бидат продадени а тие пари ќе бидат наменети за ангажманот на Грилиш за кој Астон Вила бара 60 милиони евра.

Пред заминување од Јунајтед е и Немања Матиќ кој се очекува кариерата да ја продолжи во Италија.