Кејлор Навас и дефинитивно од денес е нов голман на ПСЖ, откако ги мина лекарските прегледи и по четири години престој на Сантиаго Бернабе го напушти Реал Мадрид. Костариканскиот голман беше меѓу најзаслужните за трите европски круни во низа, но од ланската сезона го загуби првотимскиот статус од Тибо Куртоа.

Зидан сакаше да го задржи Навас како резерва и сезонава, но искусниот голман инсистираше на заминување, по што на крајот беше дадено зелено светло за неговата преселба на „Паркот на принцовите“.

Кралевите од овој трансфер ќе заработат 12,5 милиони евра, а двата клуба преговараат за „кралевите“ да го добијат и Ареола, кој ќе му биде резерва на Куртоа.

„Светците“ во текот на вчерашниот ден го комплетираа и трансферот на Серхио Рико, кој пристигнува од Севилја за да му биде резерва на Навас.