Трансферот на Кејлор Навас во ПСЖ е завршена работа. Голманот на Реал Мадрид ќе биде дел од тимот на „кралевите“ против Вилјареал овој викенд за последен пат, барем во оваа сезона.

ПСЖ ги договорил деталите со раководството на Реал Мадрид за купување на Кејлор Навас за 15 милиони евра и ова ќе биде потврдено во понеделник.

Во зделката меѓу двата гиганти кои оваа сезона ќе играат еден против друг во групната фаза од Лигата на шампионите е вклучен првоот голман на ПСЖ, Ареола кој ќе биде позајмен во Мадрид до крајот на оваа сезона.