Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, истакна дека се освен полуфинале на ова ЕУРО , ке се смета како разочарување за Англиската репрезентација.

Англија и Шкотска се среќаваат вечерва од 21 часот на стадионот „Вембли“, во рамките на 2-ро коло од групата Д.

„Ќе биде тежок натпревар, многу се зборува за тоа. Ова е втор натпревар кој го играме на овој турнир, фокусот мора да остане највисоко на нашата агенда, ќе сториме се за да победиме. Би било добро да обезбедиме следна фаза веќе по две кола“.

„Доколку не успееме да стигнеме барем до полуфиналето на ова Европско првенство, ќе бидеме разочарани“, истакна Хари Кејн.

Англија во првото коло ја совлада Хрватска со минимални 1-0 со погодокот на Стерлинг.