На прогласувањето на фудбалските награди во Лондон, Хари Кејн беше прогласен за фудбалер на годината во Премиер лигата.

Откако ја прими оваа награда првата ѕвезда на Тотенхем даде интересна изјава за јавноста со која можеби ја навести својата иднина во Тотенхем и ги потврди гласините кои кружат веќе некое време.

„Инвивидуалните награди се одлични, тие се фантастично достигнување за една особа“ рече Кејн.

„Целта во моментов како фудбалер е да освојувам трофеи со тимот, се’ додека оваа награда е одлична, јас посакувам да ги освојувам најголемите награди кои би можеле да се освојат како тим, но ние не делуваме добро на тој план“ додаде тој

„Доколку постои некој избор, јас би преферирал освојување на колективни награди, заедно со тимот, а не индивидуални, но тоа е што е во моментов, тоа е една од ситуациите која е отежнувачка“ заклучи напаѓачот