Словенија во Македонија пристигна како фаворит за утрешниот натпревар на „Тодор Проески“ во Скопје. Евроквалификациите продолжуваат, од УЕФА и од ФФМ во целост ги запазуваат сите протоколи за еден ваков натпревар но паниката во гостинската соблекувална е на високо ниво.

„За 15 минути, исчисти ги сите, не сакам да видам николо тука“ – кратко коментираше селекторот на Словенија, Мајтаж Кек кон потпаролот на гостинскиот тим, на почетокот од официјалниот тренинг на нашиот најголем стадион.

Протоколт е јасен, снимателите, фотографите и новинарите имаат право да присуствуваат на воведните 15 минути од тренингот а потоа да си заминат.

Ако ова е јасно, ова е секако и пракса, останува нејасно зошто Кек е во паника кога работите кои ги бара секако ќе бидат(беа) завршени по пропис.

Кек е во паника, Словенија го чуствува притисокот а Македонија има само една желба, три бода од утрешното соочување на „Тодор Проески“.