Матјаж Кек, селекторот на Словенија го објави списокот на играчи за октомвриските мечеви со Македонија во Скопје и Австрија во Љубљана, квалификации за ЕП 2020 година.

Словенија на последните два меча запиша две победи и со 11 бодови се искачи на второто место, натпреварите во октомври се клучни за Словенија изјави Кек.

„Еуфорија не е потребна, треба да се остане скромен, одиме натпревар по натпревар. Македонија ја анализирам како и сите други, мене повеќе ме интересира мојата репрезентација  и моите играчи. Ова се клучни два меча за Словенија“ – изјави Кек на денешната прес конференција.

Кек го објави списокот на играчи за двете средби во октомври, на листата се наоѓаат само двајца играчи кои играат во Словенија, голманот Нејц Видмар од Олимпија и напаѓачот Лука Заховиќ од Марибор.