Смирен и без ароганција, селекторот на Словенија, Матјаж Кек го честиташе успехот на Македонија на „Тодор Проески.“

Кек потврди дека очекувал многу повеќе од неговите играчи и дека сега ќе престои сериозна анализа за играта пред дуелот со Австрија.

„И честитам на Македонија за победата, ја заслужија ние нашата шанса за триумф ќе ја бараме против Австрија. Во сите сегменти бевме слаби како колетив, честитки за Македонија, ние потфрливме како екипа. Разочаран сум од самите нас, премалку покажавме.“ – изјави селекторот на Словенија, Матјаж Кек.