Селекторот на Словенија Матијаж Кек се соочува со проблеми во пресрет на дуелот со Македонија од квалификациите за ЕП во 2020.

Словенија ќе биде хендикепирана со отсуството на Лука Заховиќ и Домен Чрнигој кои се повредени, а на нивно место Кек ги повика фудбалерот на Нинберг Адам Гнезда Черин и левиот бек Ерик Јанша кој настапува во дресот на полски Горник Забрежие за кого сезонава постигна еден гол и забележа четири асистенции.

Фудбалерот на Нинберг е член на младинската селекција на Словенија, но селекторот Примоз Глихо го ослободи од обврските за мечевите на репрезентацијата на Словенија до 21 година.