Келн едвај го елиминира Вин Вајсбаден во Купот на Германија и тоа по изведувањето на пеналите,средбата заврши нерешено 2-2 по 90 минути, во двете продолженија по еден гол за 3-3 и пенал рулет во кој „јарците“ славеа со конечни 6-5.

За Келн не настапи Дарко Чурлинов кој не беше повикан на оваа средба, навивачите на социјалните мрежи го  критикуваа овој потег на клубот по кој  извесно е дека  нашиот репрезентативец ќе добие шанса во првото коло во Бундеслигата следниот викенд.

Келн во првото коло се среќава со Волфсбург на гости на 17 август, тоа е шанса тренерот Ахим Бајерлорцер да му даде шанса на Чурлинов во Бундеслигата по сите критики и слабата премиера во Купот на Германија.