Фудбалскиот клуб Келн денес го назначи Стефан Баумгарт за нов тренер.

Баумгарт ќе го води тимот од следната сезона.

Тој потпиша двегодишен договор.

Баумгарт беше тренер на Падерборн претходните четири сезони, кои ги внесе во Бундеслигата, а потоа испадна од неа.

Келн ќе се бори за опстанок во Бундеслигата до крајот на оваа сезона.

Поранешниот тренер Маркус Гисдол беше отпуштен минатиот месец по низата слаби резултати, а како привремено решение беше назначен Фридхелм Функел.