Келн е во завршни подготовки за стартот на Бундеслигата, последниот тест меч пред официјалниот почеток на шампионатот во Германија ќе го има утре против Саутемптон во Англија.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој има само 19 години е повикан за оваа средба во потесниот избор на играчи за Келн. Чурлинов досега на подготовките постигна пет гола и настапи на сите средби со солидна минутажа.

Келн му гостува на Саутемптон утре , средбата се игра од 16 часот