Манчестер Јунајтед го совлада Виљареал на гости и се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите. Тимот беше предводен од Мајкл Керик за прв пат по отказот на Оле Гунар Солскјаер.

„Дојдовме овде да победиме. Верував дека можеме и бевме подготвени. Не беше лесен натпревар, тие се солидна екипа. Тие ве тераат да се справите добро. Но, момците цело време се бореа за да победат. Не беше лесно претходните денови и оваа победа е за Оле. Имаме многу работа пред нас и фала му на Бога, ова излезе добро“, рече Керик.

Керик ги коментираше и коментарите дека Јунајтед не се истакнал на Мадригал.

„Мислам дека никој нормален не се надеваше дека ќе играме убав фудбал овде. Кога трпиш порази во низа и не си во добра форма, ниту индивидуално, ниту тимски, не е лесно да се опоравиш. Мислам дека ова е најдобро за нас “, вели Керик.

Манчестер Јунајтед со оваа победа избори пласман во елиминациската фаза од Лигата на шампионите.