Италијанскиот фудбалски клуб Милан минатата недела го продаде Патрик Кутроне во редовите на англискиот Вулверхемптон.

Според најавите на англиските медиуми премиерлигашот ќе донесе уште двајца фудбалери на „росонерите“. Станува збор за португалскиот напаѓач Андре Силва и играчот од средниот ред Френк Кеси.

Андре Силва ова лето беше близу до трансфер во Монако, но работата пропадна откако Португалецот не помина на лекарските прегледи.

Исто така, новиот тренер на Милан Марко Џампаоло изјави дека нема да смета на Кеси кој ќе биде продаден до крајот на летниот преоден рок.