Милан би можел да остане без еден од своите најдобри играчи. Ливерпул покажува силен интерес за Франк Кеси, пишува Ла Газета Дело Спорт.

Играчот од Брегот на Слоновата Коска преговара со Милан за нов договор, но работата оди тешко. Тој во Милан има годишна плата од 2.2 милиони евра, а сега бара шест, додека пак Милан не нуди повеќе од четири.

Тоа се го следи Ливерпул и Јирген Клоп кој радо би го довеле Кеси, кој би претставувал замена за Џини Вајналдум, кој како слободен замина во ПСЖ.