Договорот на Кеси со миланскиот клуб истекува во 2022 година, поради што се шпекулира дека тој би можел да го напушти Сан Сиро ова лето.

“Горд сум што играм за Милан и немам намера да заминам. Сакам да останам тука засекогаш”, изјави Кејси за Газета дело Спорт.

Тотенхем и Ливерпул се заинтересирани за 24-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.

Некои медиуми објавија дека Кеси сака да разговара со управата на Милан за нов договор, кога ќе се врати од Олимписките игри во Токио.

“Кога ќе се вратам од Игрите, ќе се погрижам за сè. Јас само го сакам Милан. Спортскиот директор Паоло Малдини знае на што мислам”, изјави Кејси.

Кеси минатата сезона одигра 37 натпревари во Серија А, постигна 12 гола и имаше шест асистенции.