Македонската кошаркарска федерација и Триглав Осигурување и во иднина ќе соработуваат, откако денеска и двете страни потпишаа нов договор за соработка.

Според претеседателот на КФСМ Перо Антиќ, ова е голем чекор и истакна дека Ѓорѓе Војновиќ бил негов менто.

„Можам да кажам дека Ѓорѓе Војновиќ беше мојот идол уште од мал, дека беше вистински ментор во мојата кариера“- истакна Антиќ како вовед во прес-конференцијата.

Пред медиумите се обрати и генералниот секретар Владимир Георгиевски, според кого заедно со Триглав ќе го остварат планот за напредок на младинските категории во Македонија.

„Во Триглав Осигурување најдовме партнер кој ги препозна заедничките интереси. Сега започнуваме со планираниот проект во младинската лига, со надеж и со желба дека соработката ќе биде проширена и во други сфери, и дека со оваа ценета компанија ќе останеме долгогодишни партнери“ – потенцира генералниот секретар на КФСМ“ Владимир Георгиевски.

Како долгогодишен поддржувач на националниот спорт, Триглав Осигурување и овој пат обезбеди поддршка за младинската кошаркарска лига. КФСМ и Триглав Осигурување ќе продолжат со заеднички сили да работат на промовирање на спортските вредности и на унапредување и развој на спортот во земјата.