Јувентус се обидува ова лето да го врати Пол Погба во Торино иако засега Јунајтед покажува дека нема намера да го продава.

Киелини е последниот играч на „Старата Дама“ кој одлучи да зборува за квалитетите на Пол Погба и за неговите почетоци во Јувентус во 2012 година.

„Се сеќавам кога пристигна, три чети дена го гледав на тренинг и си реков ова момче е многу добро. Но, никој не веруваше дека тој ќе стане голем шампион. Неговата физичка сила, техника и визија се импресивни. Како одминуваше време на сите ни стана јасно колку голем играч може да биде.“ – изјави Киелини.

Јунајтед го врати Погба во август 2016 година и плати 105 милиони евра. Според последните најави, островскит гигант сега за Погба бара 150 милиони евра.